saemturizam

Убавините на Охрид претставени на Саемот за туризам „Holiday & Spa Expo“ во Бугарија

Софија/Охрид, 16. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Убавините на древниот Охрид и Македонија се претставени на 36-тото издание на Интернационалниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo“ кој се одржува во Софија, Бугарија.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека бројот од 52.659 бугарски туристи годишно со остварени 89.028 ноќевања го наметнува интересот и потребата за отворање авио линии за поврзување на Охрид и Скопје со Софија и останати градови во Бугарија. Целта е зголемување на калитетот и продолжување на нивниот престој во Македонија, како и уживање на туристичките содржини.

Image may contain: 4 people, indoor

Репрезентативниот македонски штанд имаше рекорден број ко-егзибитори, претставници од туристичкиот сектор, кои првиот ден од саемот го искористија за зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу двете земји.

Македонија беше дел од саемот „Holiday & Spa Expo“, од 14-ти до 16-ти февруари, заедно со повеќе од 380 изложувачи од над 22 земји и 60 дестинации и туристички региони, како и над 20.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.

Image may contain: 3 people, indoor

Покрај Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ), на саемот зедоа учество и претставници од приватниот сектор, меѓу кои и од хотелите „Силекс“, „Парк“, „Климетица“, „Изгрев“ и други, како и од туристичките агенции „Фибула“, „Macedonia Holidays DMC“ и други, кои ќе ги промовираат туристичките дестинации на Македонија. (Крај)

извор: АППТРМ фото: АППТРМ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest