biltenmvr

Тепачка во струшко Мислешево, повредено едно лице

Струга, 18. февруари 2019 (ИНПРЕС) – На 17-ти февруари оваа година, во 02:30 часот, нарушен е јавниот ред и мир во угостителски објект во струшкото село Мислешево.

– Притоа, 22-годишниот И.П., жител на селото, физички бил нападнат од страна на 33-годишниот Ј.П. од Струга, по што бил пренесен во Оштата болница во Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против Ј.П. ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest