benzini-640x360

Од полноќ поскапуваат бензините

Скопје/Охрид, 18. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Од полноќ поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар и ќе чини 62,50, додека цената на Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар и ќе се точи за 64,50 денари.

Цената на Еуродизелот останува иста и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две недели. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest