Kopenhagen

Копенхаген, Берн, Женева и Хаг најдобри градови за живеење

Њујорк, 18. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Според најновите истражувања, Копенхаген е прогласен за најдобар град за живот за Европејците.

На второ место се наоѓа Берн во Швајцарија, а третото место го делат Женава и Хаг.

Градовите во Скандинавија, Холандија и Швајцарија доминираат во топ 20 градови за европските емигранти, покажуваат податоците на консултантската куќа ЕЦА Интернешнал.

Единбург е единствениот британски град меѓу 20-те најдобри, а Абердин се наоѓа на 21 место.

Даблин и оваа година се наоѓа меѓу првите десет градови, делејќи го деветото место со Гетеборг и Луксембург.

Надвор од Европа, високо се рангирани градовите во Канада, како и Канбера во Австралија и Велингтон во Нов Зеланд, додека Сингапур е единствен азиски град кој се наоѓа на листата на топ 100 градови најдобри за живот. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest