mesecina

Русија ќе ископува руда на Месечината

Москва, 18. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Русија во периодот 2031 – 2035 година планира да испрати вселенски летала за товарен транспорт, со технологија за изградба на база на Месечината и за ископување руда, јавуваат руските медиуми.

Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин изјави дека програмата ќе го носи името „Луна“ и ќе биде составен од повеќе мисии, од кои првата, „Луна-25“, е предвидена за  2021 година.

Така, леталото „Луна-32“ во четвртата декада од овој век треба на Месечината да достави материјали со вкупна тежина од шест тони за изградба на месечевата научно-истражувачка база, а „Луна-33“ ќе ја обезбеди комуникацијата и стабилноста на навигирањето.

Претходно, за 2027 година се планира кон нашиот природен сателит да се испрати и „Луна-28“, која треба да собере примероци од почвите од површината на Јужниот Пол на Месечината, а за 2028 година и испраќање на „Луна-29“ со роботизирано превозно средство. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest