parlament-Bugarija

Бугарија го ратификуваше Протоколот за НАТО, ниту еден пратеник не гласаше „против“

Софија, 20. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Парламентот на Република Бугарија денеска го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 140 пратеници, а против и воздражни немаше.

На пленарната седница на која присуствуиваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека моментот на присоединување на Северна Македонија кон НАТО е историски за Алијансата.

На седницата не присуствуваа пратениците на опозициксата Бугарска социјалистичка партија. Тие веќе неколку дена го бојкотираат Парламентот поради измените на Изборниот законик.

Инаку, Џафери кој престојува во официјална посета на Бугарија пред пленарната седница одржа средба со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, која истакнала дека Бугарија ќе продолжи со поддршката за напорите на Северна Македонија за европските и евроатлантските инетеграции.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest