Михаел Рот во „виртуелна посета” на Скопје

Михаел Рот во „виртуелна посета” на Скопје

Скопје, 19. март 2020 (Inpress) – Државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот денеска ќе има „виртуелна работна посета” на Македонија и средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Работната посета првично беше планирана да се оствари на вообичаен начин, а во контекст на очекувањата и изгледите за добивање одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори. Со оглед на глобалните состојби поврзани со пандемијата на COVID-19, предвидено e таа да се реализира на дигитален начин, односно со воспоставување видео-конференциска врска, што, како што се посочува, претставува уште еден знак на силната германска поддршка и пријателство, соопштија од македонското МНР.

Притоа, како што се посочува, во фокус на разговорот се очекува да бидат, покрај начините за справување со предизвиците наметнати од пандемијата, размена на информации за последниот статус на дискусиите и подготовката на заклучоците за процесот на проширување на ЕУ во пресрет на Советот на ЕУ за општи работи, засега предвиден за 24-ти март. (Крај)

извор: Inpress фото: архива