Parliament_Italy

Граѓаните ќе предлагаат закони во Парламентот во Италија?

Рим, 22 февруари 2019 (ИНПРЕС) – Претставничкиот дом на италијанскиот Парламент, во кој доминираат пратениците на популистичкото Движење 5 ѕвезди и десничарите од антиимигрантската Лига, вчера усвои нацрт-закон, кој им овозможува на граѓаните да предлагаат закони, а таа можност до сега не постоеше.

Усвоениот нацрт-закон предвидува, предлог-законот по граѓанска иницијатива, кој ќе собере најмалку 500.000 потписи, треба да биде одобрен во рок од 18 месеци од страна на Парламентот, кој во него не може да направи важни промени.

Ако Парламентот не го усвои во рокот или ако значително го измени, се организира референдум.

Законот ќе се смета за усвоен во својата изворна форма ако се изјаснат повеќе од 25 проценти од избирачите и ако „да“ победи на референдумот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest