dubrovnik-bura

Балканот зафатен од урагански ветер

Мостар, 23. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Делови од јужна Босна и Херцеговина и Хрватска, како и Црна Гора и Косово минатата ноќ беа зафетени од силен ветер, што дуваше со брзина и до сто киломатри на час, предизвикувајќи значителни материјални штети.

Едно лице е повредено во босанскиот град Мостар, кога врз возилото со кое патувал паданало дрво откорнато од силниот ветер. Повредениот маж е пренесен во мостарската Универзитетска болница и е вон животна опасност.

Силниот ветер корнел и туркал дрва и столбови во повеќе делови на Херцеговина, предизвкувајќи блокади на патиштата и проблеми во ссобраќајот и оштетувајќи повеќе возила и фасади на објектите, а превртел и еден камион.

Силниот ветер беше причина избувнување на неколку пожари во хравтскиот реон на Далмација, во близина на Сплит, Макарска, Солин и Задар.

Помали пожари избувнале и кај местата Нин и Вргорац, во близината на Задар.

Во црногорскиот град Бар пак, силниот ветер урнал скеле поставено за реновирање на еден хотел, но при тоа никој не е повреден.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: Дубровник тв

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest