Охрид го одбележува Денот на ретките болести

Охрид, 28. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Со бројни активности Охрид денес го одбележува Денот на ретките болести.

Во текот на цел февруари траеше интернет кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, во рамките на која секојдневно на голем дел од медиумите во државата се емитуваа информации за ретките болести. И оваа година во акцијата се вклучија бројни установи, организации, спортски клубови и школи, јавни личности, ученици и граѓани.

Image may contain: sky, outdoor, text and nature

– Денеска светот го одбележува денот на ретките болести. Охрид цел февруари им го посвети лицата со ретките болести со националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Со надеж за подобро утре… Навремена дијагноза, пристапност и достапност на лековите за ретки болести да застанеме само на момент колку да земеме здив, бидејќи утре е нов ден, а нашата борба продолжува. #showyourrare #showyoucare @rarediseaseday, порача активистот на Здружението „Живот со предизвици“ Гордана Лолеска од Охрид.

Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на неговото одбележување во 2008 година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана вистински глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот свет во 2017 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest