analfabet-640x358

„Аналфабет“ во среда на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 1. март 2019 (ИНПРЕС) – Хит комедијата „Аналфабет“ во среда, 6-ти март, на репертоарот на Охридскиот народен театар.

Претставата е работена по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Во главните улоги играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ Тодороска.

– Дејството го носат тројца малограѓани кои се затворени во канцеларија и на кои им е дадена моќ да управуваат со една околина и група луѓе. Поентата е тоа што тие апсолутни малограѓани кои се на позиција, на крајот ќе станат вечни, вели режисерот Ризески.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а влезниците по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба.

Поради тоа што се користат пиротехнички средства, претставата не е за лица помлади од 14 години. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest