Размена на книги и книжевни муабети во Охрид

Охрид, 1. март 2019 (ИНПРЕС) – Во недела, на 3-ти март, во кафе бар The Vault во Охрид ќе се одржи Размена на книги и книжевни муабети.

– Станува збор за прекрасен, настан и се надеваме дека ќе успееме да собереме колку што е можно повеќе луѓе и да ја покренеме книжевната култура на повисоко ниво. Ова е трета ваква размена која се одржува во Охрид. Разменети се убави книги, убави муабети, навистина прекрасни моменти и спомени. Дојдете во недела во The Vault во 18:00 часот, ќе разменуваме книги и секако ќе се дружиме. Понесете убаво расположение, ако го немате, не грижете се, ние ќе се погрижиме за тоа. И секако, книгите под мишка, во ќеса, во ранец кој како милува и на размена. Книга за книга. Повелете, порачуваат организаторите.

Настанот е организиран од Facebook групата „Размена На Книги И Книжевни Муабети“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest