kniga1

Два настани во пресрет на 8-ми март во охридската библиотека

Oхрид, 5. март 2019 (ИНПРЕС) – Во пресрет  на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во охридската библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржат два настани.

Утре во 12:00 часот, во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид  ќе одржи креативна работилница за деца, посветена на празникот.

Триесеттина деца од ОУ „Св Наум Охридски“ од Пештани и подрачните училишта во Трпејца и Коњско ќе изработуваат честитки за своите најблиски.

Во четврток 7-ми март во истиот термин, 12:00 часот, ќе се одржи поетското читање насловено „Убав и нежен стих – ист како жените“. Група жени – поети членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и членки на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст Охрид ќе читаат свои творби и творби посветени за жената и убавината. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest