avion-opsta

Ќе се воведува авиолинија Охрид – Варна

Скопје, 7. март 2019 (ИНПРЕС) – Ќе се воведуваат авиолинии Скопје-Софија и Охрид-Варна. Ова е само една од придобивките од идната соработка на Македонија и Бугарија, што ја најавија по првата седница на меѓувладината комисија за економски работи ресорните министри Крешник Бектеши и Росен Жељазков.

Договорени се конкретни чекори за идната соработка во економијата, транспортот, енергетиката, туризмот, телекомуникациите, животната средина. Планираните активности, според најавата, треба да бидат преточени во меморандуми и договори во соодветните области што се очекува да бидат потпишани на почетокот на следниот месец од премиерите на двете држави.

За железничкото поврзување, како што рече Жељазков, активностите и плановите на двете страни се усогласени. Од бугарска страна не се изградени само 2,5 километри, а останатиот дел од железничката инфраструктура ќе биде модернизиран, рехабилитиран и опремен со нова сигнализација. Тоа се деловите Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево до границата.

– Заеднички ќе изградиме двокилометарски тунел помеѓу двете држави, и се планира поврзувањето временски, се разбира во посебни етапи, да биде до 2025 година плус минус една година, рече бугарскиот министер посочувајќи дека амбициозните јасно поставени планови опфаќаат по 400 милиони евра за секоја од државите.

Од македонска страна каде железничкото поврзување се одвива во три фази, според Бектеши, при крај се активностите за првата фаза од Куманово до Бељаковце, проектирана е и ќе стартува изградбата на втората фаза до Крива Паланка, а за третиот дел до бугарската граница веќе се бараат пари од меѓународните финансиски институции.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Нетпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest