makedonijaizbori-640x360

Претседателските кандидати имаат време до полноќ за собирање потписи

Скопје, 9. март 2019 (ИНПРЕС) – Ноќеска на полноќ истекува терминот до кога претседателските кандидати имаат време за прибирање на потребните потписи.

До овој момент сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска – Давкова прва ги собра потребните граѓански потписи, а потребниот број го обезбедија и Пендаровски како кандидат од СДСМ и 31 друга партија и Блерим Река, како кандидат на Алијансата за Албанците и Движењето Беса.

Кандидатските листи до Државната изборна комисија треба да се поднесат најдоцна до 21-ви март, а изборната кампања ќе започне на 1-ви април.

Во тек е и проверката на податоците во избирачкиот список, која започна на 23-ти февруари, а ќе трае до 14-ти март на полноќ, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во избирачкиот список. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest