Охриѓанката Ивана Горичан ќе одржи работилница за Doodle уметност на Fashion & Lifestyle Expo 2019

Скопје/Охрид, 10. март 2019 (ИНПРЕС) – Охриѓанката Ивана Горичан ќе ја одржи работилницата „Doodle уметност-откривање на значењето и примената со Ивана Горичан“ на годинешното издание на Fashion & Lifestyle Expo 2019 во Скопје.

Ивана Горичан е дипломиран графичар и графички дизајнер, со професија-тату артист. Учесник на многу изложби од областа на графиката, илустрацијата и колажот.

Автор на 4 боенки за возрасни: „Боенка за Креативен ден“, „Мала боенка за големи креативци“, „Еуфорбиа“ и „Најдоброто допрва доаѓа“. Добитник на неколку награди за колаж, doodle-уметност и илустрација меѓу кои и интернационална изложба во Италија организирана од Паратисима, добитник на награда за сликарство од Агенција за млади и спорт итн.

Image may contain: 1 person, text

Сите заинтересирани ќе можат да земат учество во нејзината работилница „Doodle уметност-откривање на значењето и примената со Ивана Горичан“, на 20-ти март од 16:00 часот во рамките на Fashion & Lifestyle Expo 2019. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest