„Тој што во срце те носи“, нов сингл на Ѓоко Танески (Snippet)

Охрид, 10. март 2019 (ИНПРЕС) – Еден од најпознатите охридски музичари, Ѓоко Танески се враќа со нов сингл.

Песната која е наречена „Тој што во срце те носи“ е карактеристична поп-рок нумера и продолжување на стилот кој Танески го негува веќе подолг период. Од денеска таа е пуштена во радискиот етер, а наскоро се очекува да добие и видео запис.

Истиот е сниман во Св. Наум и се очекува да биде вистинско надополнување на музичката приказна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Ѓоко Танески

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest