tepacka1

Тепачка во Струга, нападнато лице од селото Октиси

Струга, 11. март 2019 (ИНПРЕС) – На 10-ти март оваа година, околу 16:30 часот, на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга е нарушен јавниот ред.

– Лице од струшка Долна Белица извршило физички напад врз 43-годишниот  О.О. од селото Октиси. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот по што, против него ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest