Со британски искуства ќе се решава проблемот со бездомните кучиња во Охрид

Охрид, 11. март 2019 (ИНПРЕС) – Во рамките на реализација на Планот и програмата за контрола на популацијата на бездомните кучиња, што ја донесе општина Охрид, денеска започнаа неколкудневните предавања и обуки кои ги држи Брајан Фокнер, претставник на Кралската асоцијација за превентива на суровоста кон животните од Велика Британија.

– Денешните предавања и показни вежби на кои присуствуваа претставници на Локалната самоуправа, ЈП „Охридски комуналец“, кои ја имплементираат програмата и претставници на невладиниот сектор, беа посветени на препознавање на карактеристиките на бездомните кучиња и техниките и методите на нивно заловување.Во следните три дена се предвидува да има практична обука на терен, посета на прифатилиштето за бездомни кучиња и пренесување позитивни практики во неговото управување. Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, во четврток предвидено е со третооделенците од ОУ „Климент Охридски“ да се одржи работилница чија чел е да се покаже како децата од рана возраст треба да бидат едуцирани за проблемот со бездомните кучиња и неговото решавање, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest