Д-р Митре Милошески ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид

Охрид, 12. март 2019 (ИНПРЕС) – Д-р Митре Милошески ќе биде кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник на Охрид.

Тој денес ја потврди информацијата за Супер радио и OhridPress и истакна дека истата денес ќе биде објавена на прес конференција од партијата.

Милошески е неврохирург со долгогодишно искуство, вработен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Во трката за Градски татко влегува со колегата доктор Константи Георгиески од СДСМ и кандидатот на ГДУ Милчо Трендафилов Нанче.

Охриѓани на 21-ви април ќе избираат нов градоначалник, откако на 15-ти декември минатата година, ненадејно почина досегашниот градски татко, проф. д-р Јован Стојаноски.

Во тек е и проверката на податоците во избирачкиот список, која започна на 23-ти февруари, а ќе трае до 14-ти март на полноќ, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во избирачкиот список. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Охрид1

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest