Ректорот на Приморскиот универзитет во Копер Драган Марушиќ на средба со в.д градоначалникот Георгиески

Охрид, 12. март 2019 (ИНПРЕС) – Вршителот на дожност градоначалник на Орхид Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски денес остварија средба со проф. д-р Драган Марушиќ, ректор на Приморскиот универзитет во Копер од Словенија и Силвана Шопоска од неговиот ректорски кабинет.

– На средбата, професорот Марушиќ истакнал дека Приморскиот универзитет, во кој има девет факултети, иницирал покрај академската да се воспостави и поблиска соработка меѓу Охрид и Копер како развиени туристички центри. Во рамките на посетата, делегацијата имала работна средба и во Факултетот за туризам и угостителство, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest