ВМРО-ДПМНЕ: Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски гарантираат сигурна победа

Охрид, 12. март 2019 (ИНПРЕС) – Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои ќе се одржат на 21-ви април, на огромно задоволство и со одлука на Извршниот Комитет е д-р Митре Милошевски, информираат од партијата.

– Угледот и кредибилитетот на д-р Митре Милошевски и ВМРО-ДПМНЕ гарантираат спроведување на сериозно подготвена програма и сигурна победа, додаваат од партијата.

Д-р Митре Милошевски е роден на 29.10.1963 година во селото Битуше. Специјализација по Неурохирургија завршено на Медицински Факултет во Скопје. Тој е доктор-специјалист во дејноста со која се занимава: Повреди и дегенеративни страдања на ’рбетниот столб и мозок и Повреди и заболувања на ЦНС и краниумот. Вработен во болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо Охридски“. Сопруг и татко на две деца. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest