Албански државјанин со 49 килограми марихуана уапсен на патот Охрид-Св. Наум

Охрид, 12. март 2019 (ИНПРЕС) – Во близина на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај место викано „Колиби 2“, вчера околу 11:30 часот, полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана.

– Во нивна близина бил затекнат 21-годишниот A.Џ. од Поградец, Република Албанија. А.Џ. е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, Регионалниот центар за гранични работи Запад против него поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest