Државниот инспектор за природа Рустеми изврши увид во состојбата на охридскиот чинар

Охрид, 12. март 2019 (ИНПРЕС) – Државниот инспектор за природа, Хасан Рустеми, денес изврши увид во состојбата на охридскиот чинар, по вчерашното мало оштетување на горните гранки од стеблото.

– Рустеми беше запознат со повторениот јавен оглас за санација и ревитализација на чинарот, што одделението за заштита и влијание на животната средина го распиша вчера. Потсетуваме дека со годишната програма на одделението за заштита и влијание на животната средина, предвидени се средства за целосна санација и ревитализација на чинарот, со која на најсоодветен начин ќе биде заштитен еден од најпрепознатливите симболи на Охрид, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest