Приведен поранешниот министер за внатрешни рабoти Митко Чавков

Скопје, 12. март 2019 (ИНПРЕС) – Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и министер за внатрешни работи, Митко Чавков, вечерва е пренесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари откако судот му одреди триесетдневен притвор на барање на Обвинителството.

Обвинителството пак соопшти дека тие имале сознанија дека Чавков подготвува бегство.

– Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка притвор за Митко Чавков. По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор, соопштија од Обвинителството.

Чавков е притворен по втор пат. Во петок треба да биде изречена пресудата за упадот и насилствата во Собранието на Република Македонија од 27-ми април, каде Чавков е меѓу првообвинетите. (Крај)

извор: VOA фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest