Внимателно кон Скопје: Поради врнежи од снег на сила забрана за товарни возила на „Стража“

Охрид, 12. март 2019 (ИНПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека во Маврово и на планинските превои „Стража“ и „Ѓавато“ има остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни служби.

Врнежи од снег има на планинските превои „Стража“, „Ѓавато“ и во Маврово.

– Во 16:30 часот на патниот правец крак Маврово-Дебар е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од 17:50 часот е на сила забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој „Стража“. Од 19:15 часот, на патниот правец Прилеп-Градско на превојот „Плетвар“, поради врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, и тоа само од правец Прилеп-Градско, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2019 година. (Крај)

извор: АМСМ фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest