За три месеци Територијалната противпожарна единица имала рекордни 135 интервенции

Охрид, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Поради високиот број на пожари во првото тримесечие од тековната година, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции на територијата на општините Охрид и Дебрца.

Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и 4 интервенции на опожарени сообраќајни средства.

Високиот број на интервенции за овој период од годината е највисок за последните 14 години и во најголем број случаи е резултат на небрежност и непочитување на законските одредби. Доколку лицата кои користат уреди, средства и отворен оган за одредени активности, должни се тоа да го прават на начин да ја обезбедат околината и да не предизвикуваат пожари или експлозии.

Од ТППЕ упатуваат апел до граѓаните, да не палат оган во посевите и стрништата и предупредуваат на високите казни за предизвикувачите на пожари. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest