Надал и Федерер се пласираа во четвртфиналето на Индијан Велс

Индијан Велс, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Поранешниот број еден во светскиот тенис, Рафаел Надал продолжува со сигурна игра на првиот за годината турнир од сериите „Мастерс 1000“ во Индијан Велс.

Негова жртва беше Србинот Филип Краиновиќ, а средбата меѓу нив траеше околу час и половина.

Во неа Шпанецот победи со 6: 3, 6: 4 и најде место во четвртфиналето. Тој продолжува со страшни перформанси во Калифорнија, откако се уште нема загубено сет, иако не сретна силни ривали на патот досега.

За пласман во полуфиналето во Индијан Велс, Рафа ќе има сериозна пречка оваа година – 12-тиот во шемата, Русинот Карен Хачанов. Тој се справи со Џон Иснер и ја отстрани последната надеж на домаќинот во машкиот дел од турнирот. Како и обично во натпреварите на Американецот, шансите за брејк беа ретки. Единствениот за целот меч дојде во првиот сет и беше за Хачанов, кој го загарантира неговото освојување.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest