НБА: Голден Стејт подобар од Хјустон во дербито на Западот

Оукленд, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Клеј Томпсон постигна 30 поени, а ДеМаркус Казнс нанижа рекордни сезонава 27 во победата на Голден Стејт со 106:104 над Хјустон во дербито на Западната конференција.

Така „воините“ ја сопреа серијата од 9 последователни победи на Хјустон, но и двата тима се на чело на своите дивизии, а Голден Стејт ја предводи и целата Западна конференција.

Иако играа без повредената ѕвезда Кевин Дурант, гостите од Сан Франциско брзо ја презедоа иницијативата, покажувајќи како поразот од Феникс ден порано не им влијае. Домаќините заостануваа со 14 поени во почетокот на четвртиот дел, но со тројка на Крис Пол тие намалија до -1 на 10,8 секунди пред сирената.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: Index.hr

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest