Ливерпул и Барселона последните четвртфиналисти во ЛШ

Минхен, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Ливерпул се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако го победи Баерн со 3: 1 среде Минхен во реваншот. Првиот дуел на англиска земја заврши без голови.

Ливерпул го отворија резултатот во средината на првото полувреме, кога Садио Мане ја искористи колективната грешка во одбраната на противникот и постигна гол.

Шест минути пред паузата надежта на баварците се врати по автогол на Жоел Матип, но Вирџил ван Дајк со гол со глава во 69-тата минута стави крај на надежите на Баерн за целосен пресврт. Во 84. минута вториот гол на Мане во натпреварот стави точка на спорот.

Минатогодишниот финалист Ливерпул продолжува со својот поход кон шестата титула на Стариот континент, додека за Баерн ова беше прва елиминација уште во осминафиналето од 2011 година наваму.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: Б92

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest