Три меча казна за Серж Ибака за тепачката со Маркез Крис (видео)

Вашингтон, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Крилото на Торонто, Серж Ибака, заработи казна од три натпревари поради инцидентот со Маркез Крис од Кливленд. Тие двајцата разменија удари по еден судир на мечот меѓу двете екипи пред неколку дена.

Крис, кој не ја иницираше тепачката, ќе пропушти само еден натпревар за својот тим, но санкцијата на Ибака е поголема, ќе се „лади“ на 3 натпревари затоа што тој правел проблеми и во минатото.

Минатата сезона Ибака двапати беше дел од инциденти со противнички кошаркари.

Ибака нема да биде дел од Торонто на пресметките со Лос Анџелес Лејкерс, Детроит Пистонс и Њујорк Никс, додека Крис ќе ја пропушти само средбата кај Орландо Меџик. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest