Кривични за лица од Охрид и Вевчани поради „злоупотреба на лични податоци“ на Facebook

Охрид, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – СВР Охрид, во два одвоени случаи, поднесе кривични пријави против две лица поради „злоупотреба на лични податоци“.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишната Л.Б. од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавената во текот на јануари оваа година неовластено презела и обработувала фотографии на две лица, по што ги објавила на нејзиниот лажен Facebook профил и постирала коментари со недолични содржини.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишната А.В. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот од октомври 2018-та до 12-ти февруари 2019 година, пријавената на социјалните мрежи Facebook и Instagram, креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest