Стартува пролетниот дел од училишните спортски лиги

Охрид, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започнува во петок.

Спортските лиги ќе започнат со натпреварите во футсал, кои ќе се играат во балон салата „Климент Колески“, во терминот од 09:00 до 12:00 часот.

Организатор на училишните спортски лиги е Сојуз на училишен спорт Охрид, а се реализираат под покровителство на општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest