Георгиески: Очекуваме деновиве да се распише тендерот и да отпочне реконструкцијата на улицата „Абас Емин“

Охрид, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Очекуваме деновиве министерството за транспорт и врски да распише тендер и да започне реконструкција на улицата „Абас Емин“, најави в.д градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Проектот бил заглавен неколку месеци во министерство, во однос на консултантските забелешки кои ги имаа по однос на проектот. Токму поради тоа остварувањето на буџетот од 2018-та година во програмата за комунални дејности улици и патишта е пониско од планираноето, бидејќи не се оствари делот од буџетот кој беше на товар на општината за асфалтирање на „Абас Емин“.

– Ние вршевме перманента комуникација, направивме корекции, нивните забелешки беа за дебелината на тампонот и други технички аспекти.Тоа е завршено и очекуваме следниве денови за таа ставка министерството да распише тендер и да започне реконструкција на „Абас Емин“. 600.000 евра се обезбедени од ЕБОР којшто ги покрива комплетна изработка на атмосферска канализација, фекална и водоводна, а асфалтирањето ќе биде на товар на општината, рече Георгиески.

Инаку, остварувањето на буџетот од 2018-та година е поголемо за 9% во споредба со 2017 година поточно 86.500.000 денари. Георгиески се согласува со ставот на опозицијата дека треба да се креира буџет и програми според реалните можности на општината. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest