Советот на општина Охрид ја одржа 25-та седница

Охрид, 14. март 2019 (ИНПРЕС) – Советот на општина Охрид денес ја одржа 25-та Седница со 53 точки на Дневен ред.

Советниците ги изгласаа одлуките за усвојување на Годишните извештаи за реализација на програмите  за поттикнување на развојот на туризмот  и за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Советниците дадоа зелено светло и за реализација на  програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2018 година. Усвоен беше извештајот за работа на Територијалната против пожарна единица и извештаите за работа на одделенијата за даноци и комунални такси при општина Охрид за минатата година. Усвоени беа и програмите за заштита на животната средина и природата како и извештајот за реализација на Програмите за спорт и рекреација за 2018 година. На гласање пред советниците беа и Предлог-одлуките за усвојување на Извештаите за реализација на Развојните програми за активностите на општина Охрид во областа на образованието, детска и социјална заштита за 2018-2020 година за 2018 година. Беше усвоен и Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Советниците ги усвоија и предлог одлуките од областа на инфраструктурата кои се однесуваа на извештаите за реализација за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, изградба на системи за водоснабдување за 2018-2020 година, како и извештајот за јавно осветлување за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Беа изгласани и Предлог-одлуките за усвојување на извештаите за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за 2018-2020 година и развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација и за други комунални услуги за периодот од 01.01. до 31.12.2018 година. Зелено светло доби и предлог-одлуката за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2018-2020 година за периодот од 01.01.2018 до  31.12.2018 година.

Беше  усвоена Предлог-одлуката за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2018-2020 година за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година. Се  изгласаа и Предлог-одлуките за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување јавна чистота и за одржувње и користење на паркови и зеленила за периодот од 01.01.2018 до 31.12. 2018 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2018 година. Беше усвоен и Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените и Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2018 година.

Се усвоија и Предлог-одлуките за усвојување  на Годишниот извештај и завршна сметка на буџетот на единицата на локалната самоуправа општина Охрид за 2018 година и Извештајот за годишниот попис за 2018 година како и Предлог-одлуката за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2019 година и предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до 31.12.2018 година.

Советниците дадоа зелено светло и  за извештаите за финансиско работење и годишните сметки за 2018 година за сите основни и средни училишта на територијата на општина Охрид, за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и за ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ во Охрид.

Беа усвоени и финансиските и годишните извештаи за работа на охридските јавни претпријатија за 2018 година: „Водовод“ – Охрид, „Градски Гробишта“, „Охридски комуналец“, „Нискоградба“ и „Градски Пазар“. Во текот на расправата беше повлечен извештајот од ЈП „Билјанини извори“.

На Седницата беа усвоени и последните четири точки на дневен ред: Одлука за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2019 година;  Одлука за донесување на Правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на опрема и услуги во локалното земјоделство и сточарство; Одлука за утврдување рокови за спроведување мерки за финансиска поддршка и субвенционирање на трошоци за културна и туристичка промоција на градот Oхрид и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички  планови на територијата  на  општина Охрид  за 2019-2020 година. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest