teatar-premiera

Претставата „Стаклена менажерија“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 15. март 2019 (ИНПРЕС) – Охридскиот народен театар вечерва ќе ја одигра претставата „Стаклена менажерија“, работена по текст на Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Станува збор за автобиографско дело на Вилијамс првпат поставено 1944 во Америка. Претставата е семејна драма, доминантна е мајката, која што го управува семејството и ги води своите деца во една емоционална бездна. Ова театарско остварување дава повик дека послабите во општеството треба да се почитуваат.

– „Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели режисерот Ристевска Петрушева.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest