soobrakajka1

Сообраќајка во Струга, повредено едно лице

Струга, 15. март 2019 (ИНПРЕС) – На 14-ти овој месец, во 14:30 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата од регионалниот пат М. Мост-село Мислодежда и локалниот пат за село Ливада.

– Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистерски таблици, управувано од страна на 56-годишниот Н.В. од струшкото село Драслајца и патничко моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблици, управувано од 80-годишниот Л.С. од селото Ливада. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило лицето Л.С. Истите биле констатирани од страна на лекар од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица во Струга и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest