Liga Evropa

Познати учесниците во четвртфиналето на Лигата на Европа

Милано, 15. март 2019 (ИНПРЕС)По синоќешните дуели, станаа јасни имињата на тимовите кои се пласираа во четвртфиналето на Лигата на Европа. Тоа се тимовите на Челзи, Наполи, Валенсија, Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт, Виљареал, Славија Прага и Бенфика.

Челзи го декласираше Динамо Киев со 5:0 како гостин по „хет-трикот“ на Оливие Жиру и со вкупен резултат од двете средби 8:0 го елиминира со неочекувана леснотија украинскиот клуб.

Наполи загуби на гостувањето кај Ред Бул во Салцбург со 1:3, но продолжува напред, откако ги победи Австријците со 3:0 во Неапол.

Валенсија се спаси со гол на Гонзало Гедеш во дополнителното време на реваншот со Краснодар, кој заврши со резултат 1:1. Во првата средба, „лилјаците“ беа победија со 2: 1 против рускиот тим, кој беше на чекор од четвртфиналето по погодокот на Магомед-Шапи Сулејманов во 85-тата минута. Меѓутоа, во 93. минута Гедеш ги шокираше домаќините и ја рангираше шпанската екипа за следната фаза.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest