Doncic

НБА: Јокиќ во последната секунда ја донесе победата на Денвер, Дончиќ разочаран

Далас, 15. март 2019 (ИНПРЕС)Никола Јокиќ го разочара Лука Дончиќ во битката на две од младите европски ѕвезди во НБА, откако ја донесе победата на Денвер над Далас со 100:99 со кош со звукот на сирената.

Маверикс водеа со 12 поени на почетокот на последната четвртина и макар и да ја загубија предноста, Дончиќ излезе на сцената со моќно забивање, за да ја врати предноста на 6 секунди пред крајот.

Преостанатото време, сепак, беше доволно за Јокиќ, кој реализираше шут од околу 3 метри со една рака и така го обезбеди триумфот на Нагетс кој останува втор на Запад со биланс 45-22. Домаќините ја освоија последната четвртина со 21:10.

Србинот се истакна само со 11 поени, но 2 од нив беа најважните. Тој сепак додаде 14 скока и 8 асистенции за победниците, а Пол Милсап постигна рекордни за него сезонава 33 поени.

Дончиќ постигна 24 поени за Далас.

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest