Охрид претставен на Саемот за туризам во Загреб

Загреб/Охрид, 15. март 2019 (ИНПРЕС) – Делегација на општина Охрид, предводена од в.д градоначалникот, д-р Константин Георгиески, денес го презентираше Охрид на меѓународниот саем „Place2Go“, во Загреб, кој трае од 15-ти до 17-ти март.

– Покрај штандот на кој се презентираат туристичките и културно-историските знаменитости, Охрид беше претставен преку средби со туристичките претставници на повеќе земји и медиумски. Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески во рамки на саемот, оствари повеќе значајни средби со важни личности.

Тој се сретна со министерот за туризам на Хрватска, Гари Капели, со кој размена мислења за туристичката промоција и туристичката понуда, како и за преземањето конкретни чекори за остварување на соработка и поврзување помеѓу двете држави. На средбата беше договорено министерот, Гари Капели, за неколку месеци да дојде во посета на Охрид, по што би се официјализирала соработката.

Во таа насока, в.д градоначалникот оствари средба со претставници на хрватскиот авио превозник „Кроација Ерлајнс“, каде беше разговарано за можно поврзување на Охрид со Република Хрватска, односно воспоставување на редовна комерцијална линија Охрид-Загреб-Охрид и сезонска летна линија Охрид-Дубровник-Охрид.

Заемот во Загреб е релативно нов, но е веќе мошне популарен. Во изминатите три години саемот го посетиле повеќе од 40.000 посетители, а повеќе од 450 фирми ги имаат понудено своите производи. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest