Прв состанок на Локалниот Управен Комитет за подготовка на ЛЕАП за животна средина во општина Охрид

Охрид, 15. март 2019 (ИНПРЕС) – Денес во општина Охрид се одржа првиот работен состанок на Локалниот Управен Комитет (ЛУК) за подготовка на Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП) за животна средина за општина Охрид, за перидот 2019-2025 година.

– На состанокот беа претставени работните групи на ЛЕАП и методологијата за изработка на истиот. Во изработката на планот ќе биде ангажирано Друштвото за консултантски услуги „Деконс-Ема“ ДООЕЛ од Скопје, а во работните групи се вклучени претставници од бизнис секторот, општинската администрација и јавните претпријатија, научните и високо образовни институции и невладини организации, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest