Комедијата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме …“ на 10-ти април во Охрид

Охрид, 16. март 2019 (ИНПРЕС) – Урнебесната комедија „Првин ќе ме земеш, после ќе ме …“ на „Театар Комедија“, на 10-ти април ќе се прикажува во Охрид.

Станува збор за дело кое полни две години се игра на сцената на „Театар комедија“ пред преполни салони и претставува прво реално шоу во театар.

– Дејството на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“ помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. Тој-маж со неуспешен брак зад себеси, решен никогаш веќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура, Таа-девојка со веќе донесена одлука – да се омажи на оваа средба, уште истата вечер.
Ова е единствената претстава за време на која вие како публика сте активен учесник во режирањето на претставата. Дали Таа да го бакне или да му удри шамар, дали Тој или Таа да одговори на повикот од неговата бивша жена – одлучувате вие по пат на гласање во живо, инфромираат организаторите.

Режијата е на Ѓорѓи Ризески, а во претставата играат: Роберт Ристов, Мирјана П. Ристов и Дарко Вељиќ.

Премиерата во Охрид е во среда, на 10-ти април со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Резервации на телефоните: 023119990 и 071330233. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest