Извршена ждрепката за групната фаза на СП во кошарка

Шенжен, 17. март 2019 (ИНПРЕС) – Во кинескиот град Шенжен беше извршена ждрепката за групната фаза за претстојното Светско првенство во кошарка.

Мундијалот се игра од 31 август до 15 септември во осум кинески града, а пласман во следната фаза ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од групите.

Бранител на трофејот, репрезентацијата на САД, ќе игра во група со Турција, Чешка и Јапонија.

Групи за СП во Кина:

Група А: Брег на Слонова Коска, Полска, Венецуела, Кина
Група Б: Русија, Аргентина, Кореа, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Сенегал, Канада, Литванија, Австралија. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest