ВАР-системот ќе се воведе на овогодинешното СП во фудбал за жени

Цирих, 17. март 2019 (ИНПРЕС) – Откако беше воведен минатото лето на СП во фудбал во Русија, ВАР системот сега се воведува и на овогодинешното СП во фудбал за жени.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди денеска дека тој систем ќе се користи на СП за жени што оваа година ќе се одржи во Франција.

Во моментов, ВАР-системот се користи во многу професионални машки лиги од целиот свет, но не и во женски лиги. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest