Канаваро ја продолжи италијанската „традиција“, стана селектор на Кина

Пекинг, 17. март 2019 (ИНПРЕС)Кина и официјално го именуваше поранешниот италијански капитен Фабио Канаваро како нов селектор на нивната фудбалска репрезентација, каде што ќе наследи уште еден Италијанец, Марчело Липи, кој со Канаваро во составот ја освои светската титула во 2006 година.

Не е јасно дали 45-годишниот Канаваро ќе биде постојан кинески селектор, откако се потврди дека тој ќе остане и на чело на кинескиот клуб Гуангжу Евергранде.

Првиот меч на Канаваро доаѓа многу бргу – веќе в четврток игра со Тајланд во Кина купот, пред можното финале против Узбекистан или Уругвај. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest