pozaropsta-640x360

Пожар во викенд куќа во селото Вевчани

Струга, 19. март 2019 (ИНПРЕС) – На 18-ти март оваа година, во 13:30 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено дека избил пожар во викенд куќа кај местото викано „Каланои куќи“ во село Вевчани.

– Објектот бил во сопственост на лицата Ј.Д и Б.Д. Пожарот настанал на дива депонија, по што се проширил. Пожарот, во 15:10 часот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest