Килограм хероин пронајден во автобус кој сообраќал на релација Струга-Берн

Скопје/Струга, 19. март 2019 (ИНПРЕС) – Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи спречија обид за криумчарење на околу 1 килограм хероин.

– На 13-ти овој месец, околу 13:30 часот, на граничниот премин „Табановце“, за излез од државата се пријавил швајцарски автобус кој сообраќал на релација Струга-Берн. При контрола на автобусот, кај последниот ред седишта, под седиштето до прозорот, била пронајдена кеса со две пресувани пакувања со по околу 500 грама хероин. Хероинот беше предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, информираат од Царинската управа. (Крај)

извор: Царинска управа фото: Царинска управа

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest