aerodromohrid

За два месеци над 300 000 патници на охридскиот и скопскиот аеродром

Охрид/Скопје, 19. март 2019 (ИНПРЕС) – Вкупно 305.246 патници патувале во текот на јануари и февруари оваа година преку двата македонски аеродроми – Меѓународен Аеродром во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.

Ова претставува годишен пораст од 7%. ТАВ Македонија како оператор со двата македонски аеродроми продолжува со порастот во бројот на патници.

Минатата 2018 година ја заврши со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, со 16% годишен пораст и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

Охридскиот аеродром веќе од денес е побогат за уште две нови дестинации, сообраќаат пет редовни авиолинии, до Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како и осум сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, на кои оперираат 11 авиокомпании.

Согласно новиот договор со македонската Влада за финансиска поддршка за евтини авиолинии од јули ќе бидат воспоставени и другите две линии од Охрид до германските градови Меминген и Дортмунд.

Од денес од скопскиот аеродром се отворени две нови линии кон Баден-Баден и Бремен во Германија, а од јули и кон Ларнака во Кипар и Турку во Финска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest