„Совест“: Бараме прекин на работите, жолта лента околу објектот и 24 часовен мониторинг од страна на МВР

Охрид, 20. март 2019 (ИНПРЕС) – Од Здружението „Совест“ излегоа со официјално соопштение по денешната средба со премиерот Зоран Заев во врска со реконструкцијата на Али Пашината џамија.

– Жолта лента за заедничка иднина. Денес во Скопје, во Владата на Република Македонија, во присуство на в.д градоначалникот Костантин Георгиески, Бранко Арнаудов, раководител на Секторот за урбанизам во Охрид, Ели Новакоска, в.д директор на Завод и музеј од Охрид, се одржа средба со премиерот Зоран Заев по повод дивоградењето и уништувањето на културното добро Али Пашината џамија. На Премиерот на државата му беше изложена целата документација, реакциите, назаконските постапувањата на Имателот на културното добро – Исламската верска заедница – муфтиство Охрид како и затајувањето и крајно задоцнетата реакција на институциите задолжени за зачувување на културното наследство на државата во однос на дивоградењето и спротивно со закон постапувања на Имателот на културното добро Алипашина џамија. Премиерот во голема мера беше запознает со проблемот на дивоградбата, со што од сите присутни се контатираа незаконските дејствија и дивоградбата што се случува, информираат од Здружението на граѓани за заштита и афирмација на културните вредности „Совест“ од Охрид.

Додаваат дека на состанокот имале само едно барање – конечно иституциите да се координираат и Државниот градежен инспекторат веднаш да издаде Забрана за градежна активност на објектот културното добро Али Пашина џамија со окружена жолта лента околу објектот и 24 часовен мониторинг од страна на МВР, со што би се обезбедил објектот од натамошно дивеење и дивограење за кое сите жители на Охрид се запознаети.

– Премиерот Зоран Заев не увери дека ќе ги преземе сите мерки за заштита на културното добро Алипашина џамија и дека секој мора да се раководи согласно законите во Државата и дека никој не е над законот и за тоа веднаш закажа состанок со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ги уверуваме жителите на Охрид дека доколку институциите повторно потфрлат и не ги исполнат законски дадените можности да ја запрат дивоградбата веднаш и сега, истата ќе го активира мирниот протест и ќе ги повика жителите да го кажат и тие гласно својот став по однос на проблемот кој ги мачи истите веќе две години, информираат од „Совест“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest