Хуманитарен дерби ракометен натпревар во Струга посветен на децата со Даунов синдром

Струга, 21. март 2019 (ИНПРЕС) – Женскиот дерби ракометен натпревар помеѓу ЖРК „Стружанка“ Струга и ЖРК „Пелистер“ Битола, за влез во 1/2 финале ќе биде од хуманитарен карактер.

ЖРК „Стружанка“ неможејќи да учествува на Трката посветена на децата со Даунов синдром поради истовременото одржување на натпреварот, одлучи дерби мечот од Купот против ЖРК „Пелистер“ да го посвети на децата со Даунов синдром.

Натпреварот ќе се одигра в недела, 24-ти март од 14:00 часот во салата „Нико Нестор” во Струга. Влезот ќе биде слободен, а донациите- секој според можностите, ќе може да се доделат на посебно обележани места на влезот од салата.
– Бидете дел од денот посветен на децата со Даунов синдром – во недела во 14 часот дојдете в сала, да заедно навиваме и да бидеме хумани! Парите наменети за децата со Даунов синдром да ги донираме заедно и со цело срце, порачуваат од ЖРК „Стружанка“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest